Free Business Joomla by Review Justhost

Учество на „Академија за млади синдикални лидери 2014“

Категорија: Активности Објавено на Вторник, 08 Јули 2014 Напишано од Administrator

Учество на „Академија за млади синдикални лидери 2014“
Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје продолжува со проектот „Академија за млади синдикални лидери 2014“.

Крајната цел на оваа академија е да обучи членови на синдикатите во областа на синдикалното лидерство, трудовото законодавство, тимската работа – теми од важност за самите синдикати и социјалната политика во Македонија.

Групата учесници на „Академијата за млади синдикални лидери 2014“ ќе биде составена од по еден (1) претставник од сите грански синдикати во Република Македонија кои ќе учествуваат на вкупно четири (4) семинари/работилници и една (1) панел дебата.

Активностите ќе бидат спроведени во периодот од мај - ноември 2014 од страна на експерти од овие области (Проф.др. Константин Петковски, Проф.др. Тодор Каламатиев и Владимир Караев) обезбедени од страна на Фондацијата Фридрих Еберт.

По завршувањето на „Академијата за млади синдикални лидери 2014“, учесниците ќе бидат подготвени да се справат со предизвиците на синдикалната борба а во исто време синдикатите ќе добијат едуцирани кадри кои ќе претставуваат дел од иднината на синдикалното движење.

Првиот семинар ќе се одржи на 23-25.05.2014г. во х.Десарет, Охрид а останатите ќе бидат со следната динамика:

- Семинар 2 – почеток на септември 2014

- Семинар 3 – почеток на октомври 2014

- Семинар 4 – почеток на ноември 2014

- Панел дебата – крај на ноември 2014 **

Посети: 454