Free Business Joomla by Review Justhost
  • Синдикат на станбено - деловни, комунални и водостопански организации на РМ
  • Синдикат на станбено - деловни, комунални и водостопански организации на РМ
  • Синдикат на станбено - деловни, комунални и водостопански организации на РМ

Новости

Почитувани посетители,
Ве информираме дека е поставен новиот web site на Синдикатот на станбено - деловни, комунални и водостопански организации на РМ.

Повеќе ...

Галерии

Синдикални спортски игри 2016 - Десарет, Охрид
Во периодот од 26-ти до 29-ти Мај 2016 година, во Охрид, во хотелот „Десарет“ се оддржаа 7-тите по ред синдикални

Повеќе ...

Активности

Учество на „Академија за млади синдикални лидери 2014“
Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје продолжува со проектот „Академија за млади синдикални лидери 2014“.

Повеќе ...

Добродојдовте

Категорија: Добродојдовте Објавено на Вторник, 08 Јули 2014 Напишано од Administrator

Еден мал осврт - Нашиот грански синдикат – Синдикат  на станбено – деловни и комунални организации на Република Македонија постои  од 15 октомври 2009 година.
За овој временски период од неполни пет години, успеавме да се сплотиме со околу 4.006 синдикални членови. Но нашиот грански синдикат „ССКО“ на РМ е во кондиционен пораст на секоја активност на синдикално поле во Македонија.
Од кога успеавме да ја докажеме нашата репрезентативност на ниво на државата, останатите синдикални организации се соочија со фактот дека сме правата опција за општо добро за синдикалните права, па затоа повеже синдикални организации се во моментални активни преговори со нашиот грански за пристапување во нашата организација. Знаат новите синдикални апликанти дека овој синдикат е правиот синдикат кои ги брани  и штити правата на работниците во рамките на станбено – деловните, комунални и водостопанствени претпријатија во Република Македонија во рамките на КСС.

Да ве информирам дека со нашето бројно и стабилно членство кое е во пораст, ние како „ССКО“ - Синдикат на станбено - деловни, комунални и водостопанствени организации на Република Македонија го добивме членството, односно веќе сме примени во светската меѓународна синдикална организација „PSI“ односно „Public service international“
Наша основна цел е изразување и застапување на заеднички интереси на наште членки и подобрување на економската, социјалната и материјалната полажба на работниците во Република Македонија.
За остварување на оваа цел „ССКО“ води кампања и да се активира секоја легитимна употреба на синдикалната сила за преставување и застапување како и за унапредување и одбрана на правата на работниците, но и против секаков вид на мобинг од страна на претпоставените раководни структури кои сакаат да ја злоупотребат и искористат својата положба  за нивни лични  цели.

Посети: 2694